More

    Комисија: Католичките свештеници злоставувале речиси 5.000 деца од 1950 година.

    spot_img

    Католичките свештеници во Португалија злоупотребиле речиси 5.000 деца од 1950 година, соопшти независната комисија, која во својата истрага, нарачана од Црквата, слушнала стотици изјави на жртви.Илјадници извештаи за педофилија во Католичката црква се појавија низ светот, а папата Франциско е под притисок да се справи со скандалот, потсетува Радио Слободна Евопа.

    „Ова сведоштво ни овозможува да воспоставиме многу поголема мрежа на жртви, најмалку 4.815“, рече детскиот психијатар Педро Стрет на прес-конференција во Лисабон.

    Според него, најголем дел од сторителите (77 отсто) биле свештеници, а најголем дел од жртвите се од машки пол.

    Тој нагласи дека, меѓу другото, децата се злоупотребуваат во католичките училишта, свештеничките куќи и исповедниците, пренесува Ројтерс.

    За огромното мнозинство на наводни кривични дела, рокот за покренување обвинение е веќе истечен, но 25 случаи се префрлени во полиција и веќе се покренати неколку истраги.

    Во април минатата година, Мануел Клементе, кардиналот на Лисабон и највисокиот прелат во Португалија, рече дека е подготвен да ги „препознае грешките од минатото“ и да побара „прошка“ од жртвите.

    Папата Франциско, кој треба да го посети Лисабон во август, може да се сретне со некои од наводните жртви, изјави неодамна помошниот бискуп на Лисабон, Америко Агиар.

    Соочен со илјадници случаи на сексуална злоупотреба на свештенството кои излегоа на виделина ширум светот и обвинувања за прикривање, папата во 2019 година вети дека ќе ја искорени педофилијата во црквата.

    Папата Франциско е под притисок да се справи со скандалот, а истраги се покренати во неколку земји, меѓу кои Австралија, Франција, Германија, Ирска и Холандија.

    Истражната комисија ја започна својата работа во јануари минатата година, откако во извештајот во Франција беше наведено дека околу 3.000 свештеници и верски службеници злоупотребиле повеќе од 200.000 деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img