Политичар од Брисел излезе со шокантна изјава за еврократите. Паскал Смет, државен секретар за урбанизам во градот обвини дека административците од ЕУ не сакаат да ги преселат своите канцеларии во посиромашните населби каде има криминал, бидејќи, наводно, тие самите користат дрога, пишува Политико.
– Многу луѓе кои работат за европските институции земаат дрога – рече тој за време на состанокот зад затворени врати со Канцеларијата за инфраструктура и логистика на Европската комисија во Брисел (ОИБ).
На состанокот се зборувало за овој потег на преселба на канцелариите кон северниот дел на Брисел кој е познат по насилството и криминалот. Европската комисија гледа позитивно на чекорот со кој ќе се зафати помалку простор за канцеларии, но не и вработените.
Паскал Смет отишол и понатаму со коментарот за дрогата. Тој дури сугерирал дека кокаинот е популарна дрога меѓу вработените во ЕУ, велејќи дека „и во квартот Шуман дилаат дрога… и веројатно не истата дрога што ја продаваат (во северниот кварт), но веројатно малку побела“.
Коментарите на Смет не поминаа добро и беа осудени во писмото испратено од синдикатите на административците. Подоцна, тој за Политико изјавил дека неговите коментари биле дадени на шега на самиот состанок.
– Сè што кажав е дека има и други места каде што се присутни наркомани, вклучувајќи го и плоштадот Шуман. Ние сме еден град… Нема населби што се за луѓе од Брисел и други населби за Европејци – рекол тој.
Белгија има репутација на здодевна земја, но лани беше прогласена за европски центар за шверц на кокаин, во истражување наа Европскиот центар за следење на дроги и зависност од дрога. На пристаништето Антверпен се запленети 40 отсто од сите заплени на кокаин на континентот.
Се смета дека ова белгиско пристаниште е влезна точка за јужноамериканскиот кокаин. Се смета и дека само два отсто од контејнерите кои минуваат на пристаништето се проверуваат од страна на царината.
Белгија имаше репутација на здодевна земја која го почитува владеењето на правото, за што неодамна стана европски центар за шверц на кокаин. Антверпен учествува со 40 проценти од сите заплени кокаин во Европа, бидејќи ова белгиско пристаниште стана влезна точка за јужноамериканскиот кокаин.
Годинава Антверпен, гледано по конзумацијата на кокаин, е на петто место после Бристол, Амстердам, Цирих и Лондон.