Една жена го прекина преносот во живо на руската државна телевизија мавтајќи со плакат на кој пишуваше „Не на војната, прекинете ја војната“.
На снимките кои се шират во Русија, особено преку апликацијата Телеграм, жената влегува во кадарот зад водителката во информативната програма „Време“ на Првиот канал.
– Не верувајте во пропагандата, ве лажат, Русите се против војната – пишува на нејзиниот плакат.
Според информациите, жената чие име не е наведено, наводно била вработена во телевизијата.
не Во пораката таа откри дека нејзиниот татко е Украинец и повика на антивоени протести.
– Се срамам што работев за пропагандата на Кремљ. Не можат сите да не стават во затвор – рече таа во пораката.
Странските медиуми пишуваат дека Марина веќе е приведена.