Израел рано во понеделникот изврши воздушен напад врз Појасот Газа.
Портпаролот на израелската војска Авичај Адраи објави на Твитер дека воени авиони гаѓале точка во центарот на Газа, каде што се наоѓаат суровини за производство на ракети на Хамас.
Тој додаде дека нападот се случил поради ракета истрелана од Газа кон Израел во саботата.
Наведувајќи дека воздушниот напад имал за цел да ги спречи напорите за производство на оружје на палестинското движење на отпорот, Адраи се закани дека Хамас ќе ја плати цената за поткопување на безбедноста на Израел.
Очевидци во Газа потврдија за Анадолија дека израелските воздушни напади предизвикале материјална штета на бомбардираните области и нивната непосредна околина.
Локалните власти се уште не потврдија дали има жртви во нападот.