More

    И смртта се модернизира: Апликација за последните желби на идниот покојник

    spot_img

    Мексиканецот Мигел Фарел дизајнираше апликација за зачувување на пораки и последни желби, кои корисникот би сакал да ги сподели со најблиските по неговата смрт.

    Апликацијата наречена Past Post, „му овозможува на корисникот да остава пораки што ќе се користат по неговата смрт“, изјави нејзиниот креатор, претприемачот Фарел, за AFP.

    Како пример, тој наведе дека таткото може да сними честитки кои неговите деца ќе ги слушаат со години подоцна кога ќе дипломираат, доколку тој во меѓувреме умре.

    Апликацијата ги складира видеата во форма на NFT, потврда за автентичност поврзана со компјутерска датотека што може да биде слика, текст или парче музика, што не може да се копира или менува.

    Фарел рече дека Past Post чини 19 долари годишно и може да се користи за претходно снимање на насоки за сопствениот погреб или други тековни работи, како што се банкарски сметки и кодови на сметки на социјалните мрежи.

    Дизајнерот предупреди дека апликацијата не е дигитален тестамент бидејќи не може да замени вистински тестамент бидејќи законот бара заверен документ.

    Документот создаден од апликацијата „нема никаква правна вредност, но има многу важна симболичка вредност“, додаде Фарел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img