More

    Долготрајната изложеност на загаден воздух го зголемува ризикот од депресија

    spot_img

    Долготрајната изложеност на загаден воздух го зголемува ризикот од депресија, покажуваат две нови студии објавени во научното списание JAMA.

    Студијата објавена во списанието „JAMA Network Open“ покажа дека долготрајната изложеност на покачени нивоа на загаден воздух го зголемува ризикот од депресија кај постарите лица.

    Друга студија, објавена во списанието JAMA Psychiatry, покажа дека долготрајната изложеност на дури и ниски нивоа на загадувачи на воздухот е поврзана со зголемена инциденца на депресија и анксиозност.

    Загадувањето на воздухот долго време се поврзува со кардиоваскуларни и респираторни заболувања.

    Има се повеќе докази, кои сега се потврдени со овие нови студии, дека загадувањето на воздухот влијае и на менталното здравје.

    За да ги истражат ефектите од загадувањето на воздухот врз постарите Американци, научниците од Харвард и Универзитетот Емори ги анализираа податоците од речиси девет милиони луѓе.

    На повеќе од 1,52 милиони од нив им била дијагностицирана депресија во периодот на истражувањето од 2005 до 2016 година.

    „Набљудивме статистички значајни негативни асоцијации помеѓу долготрајната изложеност на покачени нивоа на загаденост на воздухот и зголемениот ризик да бидеме дијагностицирани со депресија во доцниот живот“, велат научниците.

    „Утврдено е дека социјално-економски загрозените поединци во оваа студија се изложени на многу поголем ризик од депресија во доцниот живот“, велат тие, додавајќи дека „тие се истовремено изложени на социјален стрес и лоши услови на животната средина, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот“.

    За целите на студијата, научниците ги мапираа нивоата на загадување и ги споредија со адресите на пациентите.

    Загадувачите на кои тие беа изложени беа ситни честички како прашина или чад, азот диоксид, кој главно доаѓа од емисиите од сообраќајот и озон, испуштен од автомобили, електрани и рафинерии.

    Научниците рекоа дека постарите лица би можеле да бидат особено подложни на депресија поврзана со загадувањето поради нивната пулмонална и нервна подложност.

    „Иако депресијата е помалку застапена кај постарите лица во споредба со помладата популација, може да се појават сериозни последици, како што се когнитивно оштетување, истовремени болести и смрт“, велат тие.

    Во друга студија, научниците од Велика Британија и Кина ја истражуваа поврзаноста помеѓу долготрајната изложеност на повеќе загадувачи на воздухот и инциденцата на депресија и анксиозност.

    Тие проучувале група од речиси 390.000 луѓе, главно во Велика Британија, во период од 11 години и откриле дека постои зголемен ризик од депресија и анксиозност дури и на нивоа на загаденост под стандардите за квалитет на воздухот во Велика Британија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img