Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа исклучителна хуманост.
Ноле синоќа од Белград испрати порака за поддршка на Турција откако земјата беше погодена од силни земјотреси.
Првиот светски рекет порача дека се надева дека оваа држава што поскоро ќе ја надмине оваа ситуација.
“Здраво на сите. Во Белград сум со мојот пријател Јусуф и сакам да кажам дека ми е многу жал за се што се случи во Турција. Сум видел фотографии и видеа од вашата земја и јасно ми е дека ви е многу тешко. Ви посакувам што побрзо да излезете од оваа тешка ситуација и сплотени да ја надминете. Ви ги испраќам моите најдобри желби, останете силни“, изјави Ѓоковиќ.