Марко Менгони со песната „Due vite“ е победник на овогодинешното 73-то издание на Санремо, еден од најстарите и најпопуларни фестивали во светот.
Пет од дваесет и осумте песни кои учествуваа на натпреварот се квалификуваа за саботното суперфинале, а победи 34-годишниот пејач, кој беше познат како фаворит, па неговата победа не беше неочекувана.
Победникот на Санремо ќе ја претставува Италија на Евровизија во Ливерпул. Менгони стана познат на италијанската музичка сцена во 2009 година, по победата во третата сезона на италијанскиот „Икс-фактор“.
Оттогаш снимил седум ЦД-а и продаде 2,8 милиони плочи. Ова не беше негов прв настап во Санремо. На тој фестивал дебитираше во 2010 година, а потоа учествуваше на него во 2013 година.
Тоа беше 63-тото издание на Санремо каде што победи со неговата песна „The Essential“, која му обезбеди настап на Евровизија во Шведска, каде што постигна многу добар успех: го освои седмото место.