More

    Аргентинските власти се загрижени поради големиот број бремени Русинки кои влегуваат во земјата за да се породат како начин да добијат аргентински пасош

    spot_img

    Аргентинските власти се загрижени поради големиот број бремени Русинки кои влегуваат во земјата за да се породат како начин да добијат аргентински пасош, објави Асошиејтед прес, пренесува БТА.

    Оваа недела, претставниците на имиграцијата им забранија на 6 бремени Русинки да влезат во Аргентина, велејќи дека при пристигнувањето лажеле дека се туристи, изјави Флоренсија Карињано, национален директор за миграција.

    По започнатите судски процедури, судијата вчера даде зелено светло на петицијата habeas corpus за да им се дозволи на шесте жени привремено да влезат во Аргентина.

    Бремените жени го ставија во центарот на вниманието феномен кој стана очигледен во Аргентина во последните неколку недели.

    – Бројот е навистина многу голем секој ден, само синоќа од последниот лет влегоа 33 Русинки со бременост од околу 32, 33 и од 34 недели – рече Карињано.

    Во последната година во Аргентина влегле 21.757 руски државјани, вклучувајќи околу 10.500 бремени жени, а „во последните неколку месеци нивниот број се зголемува“, рече Карињано. „Во последните три месеци во Аргентина влегле 5.819 жени, кои наскоро треба да се породат“.

    Секој  кој е роден на аргентинска почва веднаш добива државјанство, а раѓањето на дете во земјата го забрзува процесот на добивање државјанство за родителите.

     Судскиот систем во моментов истражува дали постои криминална организација која шверцува Русинки во Аргентина. Иако властите не кажуваат зошто таква група би донела бремени жени во Аргентина, некои сугерираат дека земјата има вистинска комбинација на релаксирани закони за имиграција каде на Русите не им треба визи, бесплатна универзална здравствена заштита и пасош кој овозможува пристап до многу земји без виза.

    Властите нагласуваат дека официјалните лица немаат проблем со пристигнувањето на руските државјани во Аргентина, но сакаат да се уверат дека навистина имаат планови да живеат во земјата.

    Аргентина традиционално е отворена за имигранти, но имиграционите службеници беа предупредени откако руски шпиони со аргентински пасоши беа приведени во Словенија, рече Карињано. Кон крајот на јануари, словенечките медиуми објавија дека властите привеле осомничени руски шпиони, при што во соопштението беше посочено дека еден од двајцата имал аргентинско државјанство.

    – Ако не почнеме да контролираме кому му даваме пасоши, она што ќе се случи со нас Аргентинците е дека тие ќе почнат да бараат визи насекаде и пасошот повеќе нема да ја ужива довербата што ја има во другите земји – рече Карињано, истакнувајќи дека Аргентинците можат да влезат во 171 земја без виза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img