Пендаровски му даде Шустер мат на Ристо Донев

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ристо Донев е 60-годишно лице со церебрална парализа и носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах.Тој уште еднаш ја загуби битката со бирократијата. Наградите ги добил натпреварувајќи се со луѓе кои немаат хендикеп, но сепак тоа не било доволно за Агенцијата за млади и спорт и Уставниот суд да му доделат спортско признание и пензија.

Уставниот суд повторно го одби неговото барање за национално спортско признание и го остави Донев да живее на работ на егзистенција, со само 12.000 денари државна помош, соопшти партијата Левица.

Покрај многубројните освоени признанија, медали и пехари, тој 13 години се бори неговите успеси да бидат институционално признати во нашата држава со што ќе му се овозможи заслуженото право на спортска пензија.

„Државата е должна да го валоризира ваквиот вонсериски успех на било кој поединец, со цел да се мотивираат и останатите, кој не е само успех за една индивидуа, тука и промоција за нашата држава. Вакви признанија е можно да се издејствуваат и доделат токму од претседателот на државата, со кој Донев оствари средба пред два месеци, каде Стево Пендаровски ја нагласи важноста за институциите да го решат овој случај“, пишува во соопштението на Левица.

Пендаровски веќе четврта година вегетира на позицијата претседател на државата, немо посматрајќи го поразот кој го трпи Македонија на секое поле, вели Левица и додава: „Освен што повремено се појавува да позира загрижен татко на нација“ за него важат истите зборови кои тој ги употреби фамозно во 2014 година – Претседателот треба да има и слика и тон. Пендаровски е класичен пример на претседател кој слика има, но тон нема“.

Овие луѓе бараат искрена и конкретна помош, а Пендаровски несмасно ја злоупотребува нивната позиција и единствено го гледаме во улога на маскота која позира и дели празни ветувања, кревајќи раце под изговор дека институциите се такви и нема што да се прави. Институциите кои ги владее токму неговата партија СДСМ од 2017 година, а тој самиот е претседател на државата од 2019 година, вели партијата.

Share This Article