На крајот на минатата година камерите на италијанската телевизија Канале 5 ги уловија заедно на празничниот божиќен концерт во Ватикан, каде во официјална посета со владин авион пристигна словенечкиот премиер Роберт Голоб, a мисицата и активистка Тина Габер пристигна во Рим во приватен аранжман, а деновиве новата жешка двојка на словенечката сцена за првпат заедно се појави во јавност во својата земја.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб (55) и 20 години помладата мисица Тина Габер (35) се појавиле заедно на доделувањето на Прешерновите награди во Љубљана и со тоа ги потврдиле шпекулациите за љубовната врска за која веќе некое време се пишува во словенечките медиуми.
Пристигнале во салата држејќи се за рака, а за познавачите на настаните на словенечката сцена тој потег е дефинитивна потврда за нивната врска, бидејќи словенечкиот премиер никогаш не зборува за својот приватен живот, ниту пак, се појавуваше во јавноста со членови на неговата семејството – неговата сопруга и трите деца. Ниту во нивните изборни кампањи, кои многу политичари ги користат за да им покажат на гласачите дека се од крв и месо.
Но, по појавувањето во јавноста со Тина сите се прашуваат која е младата манекенка со која Голоб е во врска?
Габер од претходно ѝ е позната на словенечката јавна сцена. Таа е поранешна „Miss Hawaiian Tropic“, ТВ водителка, инфлуенсерка и поранешна лобистка. Оваа поранешна мисица на Инстаграм има повеќе од 19.000 следбеници, а сака да споделува искуства од патувањата. Инаку е веганка и голем борец за правата на животните.
Пред премиерот, Тина била во врска со пејачот Јан Плестењак, а се пишуваше и дека се забавува со поранешниот словенечки министер за транспорт и врски, Патрик Влачич.
Голоб минатата година се разведе од сопругата Јана Немец. Разводот не сакал јавно да го коментира, додека во една словенечка ТВ емисија открил дека живее сам со децата.
ФОТО: JOZE SUHADOLNIK/DELO CROPIX/Gloria.hr