More

    Русите интензивно ракетираат, пуштија и дронови

    spot_img

    Најмалку 17 проектили утринава го погодија градот Запорожје во јужна Украина, а вкупно 35 ракети С-300 биле лансирани заедно во регионите Харков и Запорожје, јавија украинските власти.  Украинската противвоздушна одбрана не е во состојба да ги собори овие типови ракети, пренесува Јутарни.

    Погодена е критична инфраструктура низ целата земја. Се огласија сирените во повеќе градови. Украинските власти повикуваат на евакуација.

    Освен со ракети С-300 Русите пукале и со седум беспилотни летала од иранско производство и со шест крстосувачки ракети „Калибр“, јави украинското воздухопловство.

    „Непријателската авијација е во воздухот, а бродовите што можат да носат ракети „Калибер“ се на море. Непријателот лансираше проектили. Воздушната тревога ќе трае долго“, рече Максим Марченко , регионален гувернер на јужниот регион Одеса.

    Нападот на Запорожје беше најлошиот откако Русија ја нападна Украина минатиот февруари, соопштија локалните власти.

    Критична инфраструктура беше погодена и во Хмелницки во западна Украина, Харков на североисток и во регионот Днепропетровск во центарот на земјата, соопштија регионалните власти.

    Украинските власти не можат да ги соборат ракетите С-300, но собориле пет од седумте беспилотни летала и пет од шесте ракети „Калибер“, изјави Јуриј Ихнат, портпаролот на украинското воздухопловство.

    Официјални лица, исто така, рекоа дека наредиле итни прекини на струјата низ целата земја по нападот врз инфраструктурата.

    – Постои голема закана од ракетен напад. Сакам повторно да нагласам – не ги игнорирајте сирените за воздушни напади – изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација на градот Киев.

    Украинската пратеничка Лесија Василенко на Твитер објави дека во Киев се слуша звук на противвоздушна одбрана, но дека градот инаку е „исклучително тивок“.

    – Како пред бура – нагласи таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img