Јавноста веќе подолго време се забавува со кавгата меѓу пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике.
Но, се чини дека нивниот однос по разделбата е толку хаотичен што неговите две деца трпат, а изгледа и Пике е за никаде.
На социјалните мрежи осамна снимка на која се гледа како фудбалерот ги враќа децата дома кај Шакира, но воопшто не излегува од автомобилот да им помогне да се одвлечкаат до влезната порта. Надвор истура дожд и дува силен ветер.
Кој знае дали Пике во мислите веќе е со својата нова партнерка Клара Чиа, но снимката покажува дека тој толку брза што го напушта местото со отворен гепек на автомобилот.