За време на изведбата на претставата „Возот“ на белградскиот „Театар Звездара“ во Риека, актерот Сергеј Трифуновиќ му го одзел мобилниот телефон на еден гледач и го фрлил на земја, пренесуваат хрватски и српски медиуми.
Влезниците за претставата биле бесплатни, а гледалиштето преполно. Сепак, еден од присутните не престанал да се забавува со својот мобилен телефон. Изнервираниот Трифуновиќ го прекинал настапот, му пришол и му го одзел мобилниот.
Публиката постојано кревала врева, што им пречело на актерите. Трифуновиќ постојано забечежувал на кашлицата од публиката која едноставно не можела да се игнорира. Во еден момент, тој му рекол на гледач од првиот ред слободно да си ја отвори бонбоната. Потоа на присутните иронично им порачал слободно да си разговараат меѓу себе.
Изнервираниот актер по претставата сепак ѝ се заблагодарил на публиката за „најфантастичното искуство што го доживеал на сцената“.
Инцидентот го потврди и актерот Воја Брајовиќ, кој е и реѓусер на претставата.
– Точно е дека тоа се случи. Не би сакал сега да ја продлабочувам таа тема, но навистина гледачот беше тој што ја наруши изведбата со својот телефон и Сергеј, во духот на улогата, излезе и го стори тоа што го стори. Интеракцијата со публиката е многу важна кога станува збор за оваа конкретна претстава. Луѓето се смееја по инцидентот, па нема места со скандали – објаснил Брајовиќ.
Повеќе за оваа претстава: