More

    Путин: Странските компании кои се повлекоа од Русија трпат огромни загуби

    spot_img

    Странските брендови кои се повлекоа од рускиот пазар под притисок на нивните влади трпат огромни загуби, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

    „Нека им е со среќа. Но, поради загубата на нашиот пазар трпат огромни загуби. Тоа е нивен избор и нивна одлука“, рече Путин на состанокот на одборот на Агенцијата за стратешки иницијативи, пренесува Спутник.Како што додаде, западните компании жалат што го напуштиле рускиот пазар.

    „Многу од нив, лично знам, тоа го прават без никакво задоволство. Кој сака да изгуби елабориран бизнис во кој ги вложил својата сила и ресурси? Не е ни прашање на пари, многумина тотално се посветија на тоа“, рече рускиот лидер.

    Путин додаде дека рускиот бизнис се справил со ситуацијата по заминувањето на странските брендови.

    „Веројатно некој мислел дека овде се ќе пропадне и ќе се распадне. Ништо такво не се случува. Ништо не се сруши ниту се урива. Нашите компании, нашите претприемачи ги преземаат овие компании или дури цели сфери и многу успешно ја продолжуваат својата работа“, рече претседателот на Русија.

    По почетокот на руската специјална операција во Украина, Западот ги зголеми санкциите против Москва. Некои земји ги замрзнаа руските средства, а многу брендови се повлекоа од рускиот пазар, потсетува Спутник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img