Судот го одложи судењето по тужбата од „Слобода Превоз“ против ЈСП Скопје за долг од еден милион евра, поднесена во ноември минатата година.
Причина за одложувањето на почетокот на судскиот процес е по барање на ЈСП. Од јавното претпријатие пред судот побарале одложување бидејќи не им било завршено вештачењето, по што судот го прифатил барањето и наредното рочиште го закажа за април, пренесува 24инфо.
– Очекувано беше дека ова ќе се случи. Од ЈСП прават се за да се одолговлекува судењето – вели директорот на „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски.
Тој повтори дека приватните превозници со новото координативно тело почнаа да преговараат со градоначалничката Данела Арсовска и дека не учествува во тој процес, ниту ќе учествува во нивните понатамошни активности.