More

    Соборците на Благојче споделија дека неговите последни зборови биле да го дочека лекот „трикафта“

    spot_img

    Денеска пред владата пациенти и членови на Асоцијацијата против цистична фиброза изразија последна почит за нивниот соборец Благојче Илиевски, кој ја изгуби битката, без да го добие лекот.

    Родителите на две деца болни од цистична фиброза посведочија и за неговите последни зборови што ги кажал пред да почине. Децидни се дека не требаше да се чека да почине пациент за да се забрзаат сите процедури за лекот да биде донесен во Македонија.

    – Последните зборови на Благојче му беа да го дочека лекот „трикафта“ што живот значи. Вечна му слава – рече Лаира Криештарац, родител на 16-годишно дете со цистична фиброза.

    Ирена Василевска, која исто така е родител на дете што се бори со болеста, посочи: „Не требаше да се чека. Тоа требаше порано да се одлучи. Да се одлучеше порано, Благојче можеби ќе беше жив“.

    – Денеска на овој ден дојдовме да му оддадеме почит на нашиот соборец Благојче, кој ја изгуби битката со ретката болест цистична фиброза. Жалосно е кога во 21 век, кога има лек против оваа болест да умираат пациентите со цистична фиброза. Ние сме многу револтирани сме од предолгото чекање, поточно одлучување дали да се донесе лекот и за колку пациенти. Мислам дека пациентите немаат ниту минута повеќе за чекање. Надлежните нека го донесат лекот за сите 60 пациенти – рече Василевска.

    Министерот за здравство Беким Сали денеска соопшти дека се обезбедени се 140 милиони денари за лекот „трикафта“.

    – За 8 пациенти со цистична фиброза денес се обезбедија буџетски средства за набавка на лекoт „трикафта“. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 ден се зголемува на 703.504.040 ден, односно за дополнителни 140.000.000 ден – стои во објавата на Сали на социјалната мрежа Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img