Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 130 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Р. Албанија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.