Пригожин се откажа да ангажира осудени лица во редовите на „Вагнер“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека компанијата престанала да регрутира затвореници за да се борат во Украина.

– Регрутирањето на затвореници од страна на приватната воена компанија „Вагнер“ е целосно запрено. Ние ги исполнуваме сите наши обврски кон тие кои сега работат за нас – рече Пригожин, одговарајќи на прашање на руските медиуми.

„Вагнер“ почна да регрутира затвореници во летото 2022 година и не откри колку поранешни затвореници има во своите редови, но податоците објавени во ноември од Руската казнено-поправна служба покажаа дека бројот на затвореници во Русија се намалил за повеќе од 20.000 меѓу август и ноември, што е најголем пад во повеќе од една деценија.

Во декември, западни новински агенции јавија дека американската разузнавачка заедница верувала дека „Вагнер“ распоредил во Украина 40.000 поранешни затвореници што ги регрутирала да се борат како платеници, кои го сочинуваат мнозинството од борците на групата што се борат во таа земја.

Share This Article