Над Хаваи на 28 јануари, чудна синкава спирала, а потоа и зелени зраци беа видени како го пробиваат ноќното небо, потсетувајќи на некој вонземски ласер, трасирајќи патека кон хоризонтот како код во „Матрикс“. Сцената е снимена со телескопска камера од највисокиот врв на Хаваи.
За среќа, ова не беше некој вонземски вселенски брод што ја скенира Земјата за знаци на живот. Се чини дека мистериозните зелени зраци всушност дошле од сателит кој орбитира, но не од оној што би го очекувале.
Првично, експертите од Националната астрономска опсерваторија на Јапонија (NAOJ), која е косопственик на камерата, твитнаа дека зеленото светло најверојатно доаѓа од радарски уред на сателитот кој орбитира, познат како ICESat-2. ICESat-2 е во сопственост на НАСА и се користи за следење на дебелината на морскиот мраз на Земјата, ледените плочи и шумите.Но, на 6 февруари 2022 година, NAOJ ја ажурираше својата слика на ласерскиот зрак велејќи дека најверојатно нема да биде НАСА врз основа на траекторијата.
„Според д-р Ентони Џеј Мартин, научник на НАСА кој работи на ICESat-2 ATLAS, тоа не е нивен инструмент“, објаснува видеото на YouTube.
„Неговите колеги, д-р Алваро Иваноф и други, ја симулираа траекторијата на сателити кои имаат сличен инструмент и го најдоа најверојатниот кандидат – инструментот ACDL на кинескиот сателит Daqi-1/AEMS. Навистина ги цениме нивните напори за идентификување на светлата. Жалиме за нашата конфузија во врска со овој настан и неговото потенцијално влијание врз тимот на ICESat-2“.
Кинескиот сателит Daqi-1 беше лансиран во април минатата година и е сличен на ICESat-2, а се користи за следење на атмосферската средина. Ова значи дека е во орбитата околу Земјата за да ги следи глобалните нивоа на јаглерод, како и атмосферското загадување, пишува Science Alert.
Дополнително, Daqi-1 содржи пет инструменти за оваа работа, од кои еден е всушност акроним за Laser Imaging, Detection и Ranging и работи малку како сонар. Но, наместо да испраќа звучни бранови за мапирање на областа, тој испраќа ласерски зраци.
Се верува дека овие ласери го осветлиле небото над Хаваи на крајот на јануари.