Многу корисници на Твитер не можеа да објавуваат твитови околу 90 минути во средата попладне, при што добија пораки во кои пишуваше: „Го надминавте дневниот лимит за испраќање твитови“, пренесува CNBC.
-„Твитувањето“ не функционираше ниту преку мобилните телефони. Секој што се обидел да го стори тоа добил порака: „Твитот не е испратен“ со извинување од компанијата. Корисниците исто така не можеа да испраќаат или отвораат директни пораки.
Додека траеше проблемот, корисниците можеа да објавуваат твитови само со опцијата за закажување, која се отвора преку календарот кој се наоѓа на крајот од полето за „пораки“.
Твитер навистина не објави дека го ограничува бројот на пораки што се испраќаат, а грешката се чини дека е резултат на моментален дефект, барем така може да се заклучи од твитот што компанијата подоцна го објави:
„Твитер можеби не работеше како што се очекуваше за некои од вас. Извинете за непријатностите. Свесни сме за ова и работиме на решение“, се наведува во пораката.
Компанијата не одговори на прашањата на CNBC за ова прашање.