More

    Турците гневни, бавно им пристигаат помошта и спасувачите

    spot_img

    Турските граѓани од подрачјата погодени од земјотресите се гневни од, како што велат, бавниот и несоодветен одговор на државата и неефикасноста да им помогне на преживеаните да се справат со проблемите. Спасувачи има малку, а хуманитарната помош не успева да пристигне во некои региони. На спасувачките екипи им пречи студот и уништената патна инфраструктура.

    – Овде нема ниту еден човек, никој не помага! Снег врне, бездомници сме, без ништо! Што да правам, каде да одам – изјави за Ројтерс Мурат Алинак, чиј дом во Малатија се урнал.

    Жителите на градот Газиантеп наведуваат дека 12 часа по земјотресот не пристигнала ниту една спасувачка екипа и дека морале сами да ги пребаруваат урнатините, а кога конечно дошле спасувачите во понеделникот вечерта, работеле само неколку часа, зашто се стемнило – пишува „Гардијан“.

    Многу Турци го искажуваат својот гнев на социјалните мрежи. Тие велат дека владиниот одговор на итната состојба во најјужната провинција Хатај е несоодветен, а некои велат дека во оваа област спасувачите воопшто не успеале да стигнат. Во Хатај земјотресот срамни со земја неколку владини згради, вклучително и локалниот огранок на турската Агенција за помош при катастрофи.

    Многумина ја обвинуваат владата за лошите стандарди во градењето, што придонесе многу згради да се урнат до темел, иако се нови, и би требало да се изградени асеизмички. За таа намена пред повеќе од 20 години турската влада воведе земјотресна такса“. Планот беше од таа такса да се соберат и да се инвестираат околу 4,5 милијарди евра во превенција од катастрофи и развој на служби за итни случаи. Но, сега се гледа дека ништо од тоа не е направено.

    – Каде отидоа сите наши даноци собрани од 1999 година наваму – прашува 61-годишниот Џелал Дениз, чие семејство останало заробено под урнатините.

    Според сегашните податоци, повеќе од 9.000 луѓе загинале, илјадници се повредени, а бројките постојано растат. Турскиот претседател Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции, која ќе трае три месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img