More

    На 65-тото доделување на Греми наградите во Лос Анџелес во неделата се најде место и за принцот Хари

    spot_img

    На 65-тото доделување на Греми наградите во Лос Анџелес во неделата се најде место и за принцот Хари. Иако индиректно. Откако водителот Тревор Ноа се осврна на еден момент од мемоарите на принцот Хари – „Резерва“ (Spare).

    Тревор Ноа ја потсети јавноста на еден детаљ од мемоарите на принцот Хари за неговиот замрзнат полов орган. Кога дојде моментот да го најави колегата од Британија Џејмс Корден, кој исто така се потсмеваше на тој дел од книгата објавена минатиот месец, тој порача:

    „Џејмс Корден е 12-кратен добитник на Еми награда и водител на „Доцна, доцна шоу“ (The Late Late Show).  Тој, исто така, е жив доказ дека еден маж може да се пресели од Лондон во Лос Анџелес, без да им каже на сите за својот замрзнат полов орган“.

    Двете паралели помеѓу Хари и овој коментар, детаљот од книгата и фактот дека тој се преселил од Лондон во Лос Анџелес, се доволен показател за тоа на кого алудирал Ноа.

    Низ салата одекнало смеење, а и Џенифер Лопез, која седела до Тревор, исто така слатко се насмеала, додека нејзиниот сопруг Бен Афлек едвај реагирал на оваа шега. Инаку, однесувањето на Афлек на доделувањето на наградите Греми се граничи со чудна рамнодушност. Афлек стана хит на Твитер и е ѕвезда на бројни мемиња кои истакнуваат колку му било здодевно на церемонијата.

    За разлика од него, Џенифер Лопез (Афлек) блескаше од среќа. Чуден несклад помеѓу познатите сопружници!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img