Леброн Џејмс рече дека се смета себеси за најдобар кошаркар на сите времиња, иако му е мило што е само дел од таа приказна.
Во вторникот, Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња во историјата на НБА, минувајќи го Карим Абдул-Џабар.
Во мечот со Тандер влезе со 38.352 поени и му беа потребни 36 за да го мине Карим, а постигна 38 поени (13-20 од поле), со 7 скока и 3 асистенции.
Шекиле О’Нил го праша Џејмс дали сега се чувствува како најдобар играч на сите времиња.
„Ќе оставам другите да одлучат кој е, да разговараат за тоа, тоа е добра тема за разговор. „Лично, би се избрал пред и против секој кој некогаш ја играл играта, но секој ќе има свој фаворит, секој ќе си одлучи“, рече Џејмс, додавајќи:
„Знам што донесов и што носам секоја вечер, што можам да направам на теренот. Секогаш се чувствувам како да сум најдобриот што некогаш ја играм играта, но има толку многу одлични играчи и јас сум само среќен што сум дел од целото тоа патување“.
Лејкерси акредитираа повеќе од 200 известувачи за мечот, што е типично само за доцната фаза од плеј-офот, а Џејмс не разочара.
Леброн е човек со голема самодоверба, знае дека е проклето добар играч, знае што постигнал, но не ја изгубил скромноста“, изјави легендарниот Грег Попович.
Абдул-Џабар симболично му ја предаде топката на Џејмс, а играта беше прекината за церемонија кога Леброн го собори рекордот доцна во третата четвртина.
„Кариерата на Леброн е кариера на човек кој планираше да доминира на овој натпревар. И тоа трае речиси дваесет години. Мора да му се оддаде признание за начинот на кој играше и колку долго издржа и доминираше. Тој ја има оваа суштина што не може да се дефинира, што се нарекува – лидерство“, вели Абдул-Џабар.
Во текот на кариерата, Леброн освои два прстени со Мајами Хит и по еден со Кливленд Кавалирс и Лејкерс, четири пати беше МВП на лигата и 19 пати Ол-стар, додека 11 пати беше член на идеалната постава. времиња.