Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија.

Девојчето од сириско потекло било спасено од петкатница во Хатај, една од 10-те провинции тешко погодени од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени.

Нејзината мајка, братот и сестрата биле претходно спасени, соопштија спасувачките екипи од лице место.

Бројот на загинати од вчерашните земјотреси во Турција се искачи на 4.544 жртви, соопшти вечерва претставник на турската Агенција за справување со катастрофи.

Фото: Анадолија/МИА

Share This Article