Тригодишно дете преживеа 22 часа заробено под урнатините, на студ, без храна и вода.
Во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Туркије, спасувачите го пронајдоа и извадија од под урнатините.
Видео од спасувањето на Твитер сподели новинар на ТРТ.
Најновите информации за земјотресот кој се случи вчера во Туркије и Сирија говорат дека во него загинаа 4.890 луѓе.