Руското Министерство за финансии соопшти дека одобрило привремена процедура за отплата на долгот на обврзниците и додаде дека плаќањата ќе се вршат во рубљи доколку поради санкциите руските банки нема да можат да плаќаат во валутата во која се издадени хартиите од вредност.
– Наводите дека Русија не може да ги исполни своите обврски врз основа на државниот долг се невистинити. Ги имаме потребните средства за да ги сервисираме нашите обврски – рече министерот за финансии Антон Силуанов во изјава, цитирана од Ројтерс.
Русија во среда треба да плати 117 милиони долари врз основа на 2 серии обврзници деноминирани во долари.