По долго и тешко боледување во Дубаи почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, соопшти пакистанската војска.
Первез Мушараф беше поранешен претседател, генерал и началник на Генералштабот на пакистанската армија. Тој дојде на власт со воен удар во 1999 година и стана претседател во јуни 2000 година. За претседател беше реизбран во 2007 година, а следната година поднесе оставка за да не биде сменет.
Во изјавата испратена до Си-Ен-Ен, висок воен функционер го изрази своето „искрено сочувство“ поради „смртта на генералот Первез Мушараф“.
Мушараф почина на 79-годишна возраст.