More

    Авионот со фудбалерите мораше итно да слета: пилотот реагираше поради багажот

    spot_img

    Авионот со фудбалери и членови на стручниот штаб на Гетеборг морал принудно да слета во Копенхаген, поради информацијата што пилотот ја дознал на сред лет.

    Имено, тој бил информиран дека во вреќата со нечистотија има 30 надуени топчиња, кои може да „експлодираат“.

    „Имам необична објава за вас. Сега дознавме дека во багажникот има 30 надуени топчиња. Поради ризикот од експлозија на топките, мораме да се свртиме и итно да слетаме во Копенхаген. Кога ќе слетаме, ќе биде потребно да се пушти воздухот од топчињата, па веруваме дека задржувањето ќе трае околу 30 минути. Се извинувам за оваа непријатност“, рече пилотот.

    Инцидентот се случил во четвртокот наутро, а тимот потоа бил на пат за Шпанија, со цел да ги направи подготовките.

    Еден од менаџерите на ИФК Гетеборг, техничкиот директор Ролф Густавсон, тогаш истакна дека „алармот бил лажен“.

    Програмата на N1 телевизија можете да ја следите ВО ЖИВО на овој линк како и преку апликации за Android|iPhone/iPad

    „Ги испумпавме сите топки пред поаѓањето. Но, тие се нови и изгледаат како да се уште напумпани. Некако авиокомпанијата доби информација дека се уште има воздух во топките. Алармот, сепак, беше лажен. Јас лично два пати ги проверував топките во Копенхаген“, изјави Густавсон и ја смири бурата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img