Владата продолжува да го ограничува движењето и работата на новинарските екипи кои од утрово се дојдени пред црквата „Свети Спас“ во Скопје на одбележувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Како што претходно беа известени медимуите дека станува збор за настан од висок ризик, новинарите треба да бидат на платото пред црквата „Св. Спас“, додека снимателите и фотографите внатре, но само еднаш – ако влезат нема излегување до завршување на доаѓањето на делегациите.
Конфликт настана меѓу новинарите и дел од протоколот на владата, бидејќи не беше дозволено сниматели и фотографи да стојат заедно со новинарите во слободната зона каде што новинарските екипи се акредитрани ќе има ограничено движење.
Новинарите велат дека најголемите проблеми ги предизвикуваат владините претставници, кои на полицијата им даваат необични упатства како да ги насочуваат новинарите.
Прославата за 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев тече под строги протоколи и со акредитации. Небото над центарот над градот и околу црквата „Св. Спас“ го надлетува полициски хеликоптер, се вршат строги контроли и неколку проверки на новинарските екипи, а може да се забележат припадници на интервентната полиција, ЕВР, полициски службеници во цивилна облека.