Бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев утре во Скопје ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Како што јави БТА, Демерџиев, кој ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов, ќе му оддаде почит на Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање.
Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев со положување цвеќе ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски.
Денеска македонскиот премиер изјави дека нема најава за официјална бугарска делегација која би дошла во Скопје.