Пако Рабан, најпознат по своите парфеми и модни дизајни, почина на 89-годишна возраст, пишува Би-Би-Си.
Почина во Портсало, Франција, а веста ја објави шпанската групација Пуиг, која е сопственик на куќата за мода и парфеми Paco Rabanne.
„Кој друг би можел да ги натера модерните парижанки да купуваат фустани од пластика и метал? Кој освен Пако Рабан би можел да замисли мирис наречен Каландре, кој е збор од автомобилската индустрија, и да го претвори во икона на модерната женственост? изјави Хозе Мануел Албеса, претседател на одделот за мода и убавина на Пуиг.
„Тој радикален, бунтовнички дух го издвојуваше од останатите. Има само еден Рабан“, продолжи тој. „Со неговата смрт уште еднаш се сеќаваме на неговото огромно влијание врз современата мода, но и на духот што сè уште живее во куќата што го носи неговото име“, заклучи тој.
Многу имиња од модната индустрија се збогуваат со легендарниот дизајнер, пишува Индекс.