More

    Народна песна за Гоце Делчев од неговиот роден Кукуш успеал да сними на лента познатиот режисер Јани Бојаџи за неговиот незавршен проект „Беше еднаш во Македонија“

    spot_img

    Народна песна за Гоце Делчев од неговиот роден Кукуш успеал да сними на лента познатиот режисер Јани Бојаџи за неговиот незавршен проект „Беше еднаш во Македонија“. Текстот кој зборува за тоа како кукушани дознаваат за смртта на Гоце во Баница и биле „расплакани и нажалени, а глас се слушнал од Солуна до Кукуша и до Битолско“ бил запишан во книга на Коста Пеев, познатиот професор македонист и славист. Бојаџи вели дека мелодијата потоа му ја испеал учителот Симо Минов од Иловица. Тој ја постирал песната на Фејсбук.

    Гоце Делчев меѓу народот бил  именуван како „апустољот“ и „бај Гоце“, што всушност значи и повеќе од „господин“ или „сер“ на англиски.

    Изведбата е на актерката Тинка Ристевска, а Ване Крстевски потоа на кукушки „бежански“ дијалект зборува за Делчев, со зборови кои се повторно извадок од книга на Пеев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img