Туристичката организација на Врњачка Бања ги повика кандидатите да се пријават на натпреварот за најдолг бакнеж кој ќе се одржи во Врњачка Бања на 14 февруари на познатиот Мост на љубовта.
Рекордот за најдолг бакнеж го држи двојката од Крушевац, Ирена Алурац и Ѓорѓе Божиќ, кои во 2015 година се бакнувале 101 минута без престан.
Претходните години победниците се избираа во четири категории – најдолг бакнеж, најатрактивен и најстар пар, најмлад пар – постар од 18 години.
Сите учесници очекуваат вредни награди, додека победничката двојка ќе освои викенд во Врњачка Бања, а новитет годинава е што публиката која ги бодри натпреварувачите ќе освои една од наградите, стои во соопштението на ТО.
„Годинава имаме рекорден број спонзори и најголем фонд на награди досега, што значи дека има и голем интерес на парови за учество на натпреварот“, велат организаторите.