More

    Руските олимпијци ќе настапат на Олимпијадата

    spot_img

    САД ги поддржаа напорите на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да им биде овозможен настап на руски и белоруски спортисти на Олимписките игри 2024 во Париз под неутрални знамиња, соопшти синоќа Белата куќа.

    – САД од самиот почеток поддржуваа исклучување на националните спортски тела на Русија и Белорусија од меѓународните спортски федерации. Во случаи кога спортските организации и организаторите, како што е во случајов МОК, ќе одлучат да им дозволат на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат во спортски настани, тоа треба да биде на јасен начин дека не ги претставуваат Русија или Белорусија – изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, додавајќи оти официјален Вашингтон и натаму се противи на какво и да е истакнување национални симболи.

    Американскиот одговор доаѓа нешто помалку од една недела откако МОК одлучи, и покрај руската инвазија врз Украина, да ја разгледа можноста да им дозволи на спортисти од Русија и Белорусија настап на официјалните натпреварувања меѓу кои и на Олимписките игри идната година во Париз, без истакнување на нивните национални симболи.

    Најавата на МОК наиде на жестоки реакции од Украина, која најави можен бојкот на Игрите во Париз, додека балтичките земји и Полска во заедничка изјава побараа забраната за настап на руските и белоруските спортисти на сите меѓународни натпреварувања да биде на сила додека трае војната во Украина.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img