More

    Владата го смени името, но но не и планот

    spot_img

    Владата воведува данок против оние форми кои енормно профитираа од кризите изминативе две-три години, само го нарекува со друго има, данок за солидарност. Имено, доколку државата утврди дека лани некоја компанија остварила многу повисока добивка во однос на претходните неколку години, профитот ќе ѝ биде дополнително оданочен. Под лупа ќе бидат сите компании без разлика од кои сектори доаѓаат. Парите кои ќе ги собере државата ќе бидат вратени во економијата преку нови мерки и програми за развој на стопанството, велат од Владата.

    – Како Министерство за економија целосно го поддржуваме ова законско решение, посебно што повикувавме на солидарност, посебно од компаниите кои оствариле големи добивки во време на енергетската криза. Законот е во таа насока. Земен просекот од претходните 3-4 години на приходите на одредени компании. Ако има зголемување на приходите во последната година, секако дека ќе платат дополнителен данок кој се вика данок на солидарност, за товарот да не биде на наредните генерации, на тие што сега живеат и во делот на намалување на дефицитот. Ако знаеме дека ЕУ за нашата држава обезбедила 80 милиони евра во делот на справување со енергетската криза, секако дека ние треба да покажеме посветеност и тие кои направиле дополнителни добивки да плаќаат повеќе, споредбено со тие кои биле целосно поддржани од страна на државата за да опстојуваат и да ги зачуваат работните места – објасни Бектеши.

    Оценката кои правни субјекти ќе плаќаат ваква дополнителна давачка, ќе оди преку УЈП, односно преку доставувањето на завршните сметки.

    Детали за ова законско решение кое вчера доби „зелено светло“ од Владата, како што најави Бектеши, ќе соопшти утре или најдоцна задутре министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Според него, најверојатно со данокот ќе бидат опфатени и енергетските компании кои се формираа минатата година, а посебно компаниите во делот на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, имајќи предвид дека и маржата им била зголемена во време на енергетската криза зашто повикувале дека нема да снабдуваат, односно дека нема да работат со бензинските пумпи.

    Од Сојузот на стопански комори за Алсат изјавија дека, пред да се воведат нови даноци за компаниите кои веќе плаќаат, треба да се најде начин како оние што не плаќаат да се внесат во системот.

    – Не се согласуваме со принципот тие што плаќаат да плаќаат повеќе, а оние што не плаќаат, да продолжат да не плаќаат. Зголемувањето на даноците и состојби на криза се значајни фактори кои придонесуваат за зголемување на сивата економија, што создава сомнеж дали решението за воведување на нов данок ќе може да ја постигне цел која ја поставуваат креаторите на политиките – изјавиле од ССК.

    Веќе два месеци компаниите од прехранбениот сектор користат субвенционирана струја, но за тоа имаа обврска да ги намалат цените на своите производи за најмалку 10 отсто. По пониска цена се продаваат само дел од производите, а добар дел од храната не само што не поевтини, туку граѓаните се жалат дека се продава по повисока цена од онаа пред декември лани, кога стартуваше мерката за поевтина струја за прехранбената индустрија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img