More

    Конте зборуваше по итната операција, испрати посебна порака до навивачите

    spot_img

    Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте беше итно пренесен во болница на 1 февруари, откако беше откриено дека му е потребна операција на жолчното кесе.

    Италијанецот беше опериран, кој помина без поголеми проблеми, а веќе пристигна да испрати топла порака до навивачите на Тотенхем.

    „Ви благодарам на сите за прекрасните пораки, операцијата ми помина добро и веќе се чувствувам подобро. Сега е време за опоравување, едвај чекам да се вратам на теренот со тимот“, изјави Конте на социјалните мрежи.

    Конте оваа сезона има големи проблеми со лондонскиот тим, кој моментално е на 5. место во Премиер лигата со 36 бодови, дури 14 помалку од Арсенал кој е на првото место со 50 бодови.

    Во својата кариера, покрај Тотенхем, од клупата ги водеше и Челзи, Јувентус, Арецо, Бари, Сиена, Аталанта и италијанската репрезентација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img