More

    Директор во Мексико е во центарот на голем скандал

    spot_img

    Поранешниот директор на зоолошка градина во јужно Мексико убил четири пигмејски кози во зоолошката градина и ги послужил на забава за Божиќ , соопштија властите. Хозе Рубен Нава беше сменет на 12 јануари откако во зоолошката умре и еден елен, пишува Еј-Би-Си-Њуз.

    – Овие четири животни беа заклани и готвени во просториите на зоолошката градина и беа послужени како храна на забавата на крајот на годината. Ова го стави на ризик здравјето на луѓето кои ги јадеа, бидејќи овие животни не беа погодни за човечка исхрана – рече Руиз Гутиерез, шефот за диви животни на државниот оддел за животна средина на Мексико.

    Истрагата вели дека некои од животните во колекцијата на зоолошката градина наводно биле продадени, тргувани или изедени по наредба на директорот Нава. На пример, зебрата била тргувана за алати кои ѝ биле потребни на зоолошката градина, а елените и добитокот по име Ватуси биле разменувани со приватни лица, без за тоа да има записи и сметки, открија мексиканските власти.

    Не е јасно дали Нава е и официјално обвинет во случајот и дали тој има адвокат. Инспекцијата не успеала да ги најде алатите кои тој наводно ги тргувал за зебрата.

    Мексико долго време има проблем со граѓани кои нелегално набавуваат егзотични животни. Со години, шверцерите на дрога во Мексико се познати по тоа што градат приватни живеалишта со лавови, тигри и други диви животни. Животните понекогаш бегаат од тие нови живеалишта и сеат паника во државата.

    Во централниот град Агуаскалиентес, државната полиција соопшти дека распуштен лав нападнал и сериозно повредил жена во дворот од нејзиниот дом. Лавот очигледно избегал од некоја куќа во близина каде бил чуван. Жената е хоспитализирана со повреди на нозете, черепот и на белите дробови.

    Истиот лавот нападнал и две кучиња и мачка. Животното било фатено во вторникот и испратено во локалната зоолошка градина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img