Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан во 2022 година заработи околу 256 милиони долари благодарение на договорот за лиценцирање со Најк.
Тоа е два и пол пати повеќе отколку што собрал во целата своја професионална кариера.
Приходите на Џордан Бренд во 2021 година достигнаа 4,8 милијарди долари.
Легендата на НБА и сопственик на Шарлот Хорнетс во својата играчка кариера заработи околу 100 милиони долари, а само во изминатите пет години неговиот бренд за спортска опрема оствари приход од 19,4 милијарди долари.
Се проценува дека 59-годишниот поранешен кошаркар моментално вреди 1,7 милијарди долари.
Џордан беше шесткратен шампион во НБА со Чикаго Булс.