Маричиќ: Северна Македонија ќе добие од Европската комисија 53 015 968 евра кои се за реализација на  три нови проекти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Северна Македонија ќе добие од Европската комисија 53 015 968 евра кои се за реализација на  три нови проекти, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот профил на Фејсбук.

Парите се за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

„Во овој план предвидени се реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци, како и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој.

Европските фондови и странската донаторска помош е од огромно значење на енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани“, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Share This Article