На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска прв е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“, и неговото богатство се проценува на 191 милијарда долари.
Вториот е сопственикот на Твитер и „Тесла“ Илон Маск со 164 милијарди долари. Трет е Американецот Џеф Безос со 126 милијарди долари, најпознат по сопственоста на „Амазон“ и „Вашингтон пост“, потоа основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 112 милијарди и петти е Ворен Бафет, американскиот бизнис магнат, со 109 милијарди.
Сите тие забележаа пораст на богатството во однос на претходниот месец, а најмногу заработи Маск, кој од почетокот на 2023 година е побогат за четири милијарди долари. Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг е на 21 место со 55 милијарди долари.
И покрај санкциите, на листата се и руските милијардери, чие богатство во однос на 1 јануари се зголемило за 16,1 милијарди долари, а најбогат Русин е Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 30 милијарди долари.