Не помина предлогот професорката Билјана Ванковска да стане член на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ). Извори на Плусинфо во највисоката научна институција во Македонија, откриваат дека Ванковска не го добила потребното мнозинството на гласовите од академиците, при составувањето на кандидатските листи за избор на нови членови на МАНУ во повеќе категории.
Таа e редовен професор на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во изминатите три децении таа била чест учесник во јавните дебати на повеќе нивоа, активист во повеќе иницијативи и организации на цивилното општество во земјата и во странство, коментатор за домашни и странски медиуми и редовен колумнист повеќе од 20 години („Дневник“, „Шпиц“, „Време“, „Пешчаник“ и „Нова Македонија“).
Меѓу кандидадите за редовни членови на МАНУ се кардиологот Сашко Кедев, Драги Ѓоргиев, Изет Зекири, Марјан Марковиќ и Александар Димовски.
За нови дописни членови на МАНУ кандидати се Венко Андоновски, Мируше Хоџа, Валентин Мирчевски, Зоран Хаџи-Велков, Веселинка Лабровска и Лилјана Макариоска, Лидија Капушевска Дракулевска, Дијана Плашеска-Каранфилска, Сашо Цветковски, Димитар Ефремов, Кирил Сотировски, Гордана Лажетиќ и скулпторот Ангел Димовски-Чауш.
За членови на МАНУ надвор од работниот состав се продлежени Олга Панкина, долгогодишен преведувач од руски на македонски јазик, Татјана Вендина линвист од Русија, хемичарот Панче Наумов и Наташа Јоновска експерт за нано-технологија, како и Жозеф Глигоров и Петар Поповски.