Градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин изјави дека од денеска на новинарите им е забранет влез во градот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин изјави дека од денеска на новинарите им е забранет влез во градот.

Одлуката е донесена откако загина американскиот новинар Брен Рено (51) при напад на руските сили, кои отвориле оган врз автомобил во движење. При нападот повредени се уште двајца новинари и се хоспитализирани.

– Почнувајќи од денеска им забрануваме на новинарите да влезат во Ирпин. Сакаме да ги спасиме нивните животите и на нашите бранители – истакна Маркушин.

Тој, исто така, ги повика новинарите и украинските цивили да не објавуваат информации на интернет за воениот персонал, нивната опрема или нешто што може да укаже на нивната локација.

„Од почетокот на руската инвазија во Украина убиени се двајца новинари. Јевгениј Сакун, дописник и снимател на украинскиот телевизиски канал „Лајф“, кој работеше и за шпанската новинска агенција ЕФЕ, загина за време на нападот врз телевизиската кула на 1 март, соопшти Меѓународната федерација на новинари.

Share This Article