Полски експерти ќе го дотераат „Македониумот“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажала како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.

– Обновата на „Македониумот“ во Крушево е со подолга историја. Работите беа почнати уште пред 2017 година. Проектот е обемен и е речиси во завршна фаза. За обнова се бетонскиот, витражниот и керамичкиот дел кај Амфитеатарот пред споменикот. Ние дури донесовме и стручни лица од Полска, преку наш соработник. Тие многу темелно ја испитаа состојбата на витражите и можноста за нивна обнова. Ќе бидат вклучени во изработката на проектот. Ние ќе направиме радикални промени, зашто, оној, многу битниот, витражниот дел, е во многу лоша состојба. Со проектот е предвидена поголема сума пари и сакаме да направиме нешто што ќе трае 100, 200, па и повеќе години – изјави Атанасоски.

Досега во Македониумот е направен подот, поставен е индустриски под. Годинава, Прилепскиот музеј ќе работи на санирање на бетонскиот дел од Споменикот, кој прокиснува.

– За годинава имаме одобрено два милиона денари и ќе работиме на бетонскиот дел, мора да распишеме и тендер и фирма да го заштити со најсоодветни материјали за да се стопираат прокиснувањето и влагата – вели Атанасоски.

Споменикот „Илинден“ е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски. Во употреба е од 2 август 1974 година.

Share This Article