64-годишен жител на Скопје вчеравечер бил пронајден починат на улицата Даме Груев, во центарот на градот, информира МВР.
„На 30.01.2023 во 22.33 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул. „Даме Груев” бил пронајден починат З.М.(64) од Скопје“, се наведува во соопштението.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.