More

    Николовски ѝ нафрла предлог на Владата

    spot_img

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по повод одбележување од денот на раѓање на македонскиот револуционер Гоце Делчев, упати конкретен предлог до Владата да иницира изградба на спомен на Делчев во Кукуш, неговиот роден град.
    – Доколку сакаат чесно да се однесуваат, еве еден предлог да дадам имајќи предвид дека на 4 февруари се одбележува годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, а тој е роден во Кукуш. Предлагаме македонската влада да поднесе иницијатива до грчката влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, доколку тие не го направат ова, влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова – рече Николоски во централниот Дневник на телевизија Сител.

    Според него, се случуваат ситуации како онаа со Пендиков само во држава која не е добро организирана и предводена од лица како Димитар Ковачевски, Бујар Османи, Оливер Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img