More

    Ковачевски контра позицијата на Мицкоски

    spot_img

    Има една теза што ја заговара ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратениците немале мандат да гласаат уставни измени. По две основи не е точно. Прво, пратениците работат согласно Устав, Закон и Деловник на Собранието. И тие имаат делегирана одговорност, обврска и прво од граѓаните да ги носат одлуките со кои ги остваруваат целите кои граѓаните ги сакаат. И второ, во 2014 година токму од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа за уставните измени. Значи, пратениците своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, законот и деловникот во Собранието – изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната годишна конференција „Година на нови можности”, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со уставните измени.

    Ковачевски уште еднаш потсети дека одговорност на сите политички партии во Собранието и на сите 120 пратеници е да поддржат одлуки кои значат побрзо зачленување на државата во ЕУ.

    – Не може Мицкоски прво да каже прифаќаме уставни измени, а потоа дека не прифаќаме уставни измени. Потоа да каже дека бара гаранции од пратениците на нотар заверени дека нема да гласаат за уставни измени, за потоа да излезе и да каже дека ако ЕУ даде гаранции ќе поддржат уставни измени, за да на крај каже дека по ниедна цена нема да поддржи уставни измени во време кога ние зборуваме за интеграција на земјата во ЕУ. Нашите граѓани не сакаат блокади. Ја поминав целата држава, никој од граѓаните не кажа дека сака блокирање на европскиот пат. Никој не кажа дека сака блокирано Собрание. Никој не кажа дека сака тензија. Сите сакаат мир, благосостојба и побрзо зачленување на државата во ЕУ, нормално со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет, што и го направивме – додаде Ковачевски.

    Освен тоа, рече Ковачевски, уставите измени кои се пред нас, не се последната голема и тешка одлука во однос на одлуките кои следуваат за зачленувањето во ЕУ.

    – Кога ќе дојде извештајот од скринингот на Поглавјето за владеењето на правото, ние пак ќе имаме закони за кои ќе треба двотретинско мнозинство во однос на унапредувањето на правосудниот и на обвинителскиот систем, но и на многу други области во општеството. Не можеме пред секоја одлука да одиме на избори, како што тоа го бара опозицијата, тоа не е начин – рече премиерот Ковачевски.

    Ова, како што рече, не е процес на еден човек, ниту е процес на една политичка партија, ниту е процес на една влада, тука ова е процес кој што е неповратен и којшто завршува со членство во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img