Арбен Таравари, новиот лидер на Алијанса за Албанците во Македонија, е јасен и гласен: „НЕ САКАМЕ МИНИСТЕРСТВО ЗА БУРЕК!“ Таравари со неговата АА влегува во Владата за да биде разнесувач на пецива низ владините кабинети?! Но, уште еднаш да се потсетиме на објавата на Охридскај од 9.10.2022 година, кога за првпат Охридскај обелодени кои се намерите на Алијансата за Албанците за влез во новата влада, но и што се максималистичките барања на Арбен Таравари. Подоцна некои самопрогласени „новинарски бардови“ поитаа ова ексклузива на Охридскај да си ја прикажат како своја, но и покрај ‘copy-paste’ системот по кој систем работат подолг период иако во одреден дел се обидоа да го видоизменат текстот, сепак повторно тие „бардови“ не успеаја во своите нарачани текстови и покрај тоа што се повикуваа на извори од Амбасадата на САД и амбасадорката Аглер! Патем, тие ниту се некои играчи по странските амбасади, освен што учествуваат во нивните бугарско-македонски криминалистички одбрани на познати криминалци, но во продолжение, еве што обзнани Охридскај:
Алијансата за Албанците интензивно се подготвува да влезе во новата широка владина коалиција, дознава Охридскај од свои извори од АА. Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, веќе две недели бил во интензивни преговори со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и со СДСМ.
Арбен Таравари дал дозвола за приклучување на своите пратеници во Собранието на РСМ во делот на новото владино мнозинство, но за сметка на тоа ги барал фотелјите во Министерство за здравство на РСМ, Управата за јавни приходи, Вицепремиер-заменик премиер, досегашниот ресор со кој управуваше Артан Груби, директорската позиција во Царинската Управа на РСМ, директорската функција во Бирото за стокови резерви на РСМ, директорската позиција во Централниот Регистар на РСМ, Лотарија на Македонија, како и Министерството за земјоделие на РСМ. Таравари како клучен ресор го поставил Министерството за здравство за чијшто ресор го предложил офтамологот д-р Беким Татеши.
Нашиот извор од Алијансата за Албанците на РСМ брифира дека Арбен Таравари од овие позиции нема да отстапи, поточно ќе барал двојно повеќе ресори, отколку што Алијансата за Албанците имала во Владата во 2017 година. Според истиот извор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, веќе имал интензивни разговори со Арбен Таравари цели два месеца, во кои разговори Ахмети се согласил да жртвува дел од своите ресори во интерес на опстанок на Владата. Според истиот извор, политичката партија Алтернатива, ќе ги изгуби своите позиции во владеачката структура, согласно бројот на пратеници со кои располага во народното собрание во моментов, но и доколку истата не биде дел од мнозинството со влегувањето на Алијанса за Албанците во владината коалиција, и без Алтернатива, Владата би била стабилна.
Охридскај дознава дека ваквите барања на Арбен Таравари упатени кон СДСМ и ДУИ нема да поминат. Од една страна, останатите коалициски партнери, односно движењето Беса, во никој случај не сака да го отстапи ресорот „Здравство“, поточно за нив неприфатливо е Беким Сали да биде отстранет, а уште понеприфатливо е сега да се откријат сите криминални дејствија во здравството кога на потег се реализациите на неколку проекти во здравствениот систем со тежина од 10 милиони евра, од каде движењето Беса и Беким Сали би требало богато да си ги наполнат џебовите?!
Од друга страна, проблем претставуваат и пратениците Трајанов и Морачанин кои не се согласуваат со идејата за тоа Македонците да добијат нова малцинска македонска влада, каде примат ќе имаат министрите од албанскиот блок. Ова е повеќе за тоа што сите одлуки на Владата излегуваат со гласање од просто мнозинство на министри, а македонскиот народ станува малцинство во сопствената држава…
Проблем е и огнената група од ДУИ која доколку АА влезе во Владата, тие најавуваат формирање на нова независна пратеничка група која ќе делува опозициски во Собранието на РСМ. Доколку „огнените“ ја променат одлуката, дури и при влез на АА во владината коалиција, повторно власта ќе нема мнозинство во Собранието на РСМ.
Амбасадите во РСМ ги набљудуваат сите политички процеси во Македонија со посебно внимание, особено Амбасадата на САД која веќе во два наврати реагирала и кај премиерот Димитар Ковачевски, но и кај Али Ахмети. Она што деновиве одреден портал продаваше приказни за тоа како заменик-државниот секретар на САД ги контактирал Зоран Заев и Димитар Ковачевски, секако дека се приказни за некој да стане интересен и да го зголеми својот рејтинг на читаност. Заев има одлични односи со САД, посебно по неговото школување на Академијата „Фолбрајт“ во САД, која патем му беше и отскочна даска да стане лидер на СДСМ и премиер на РСМ. Единственото нешто што е точно е дека имало комуникација помеѓу високо позициониран член на Националната безбедност на САД, кој патем е и добар познаник со Зоран Заев, каде му било сугерирано на Заев да се држи и понатаму настрана од моменталните промени кои ќе се случат во РСМ, особено од причина што во СДСМ, а и во ДУИ, има одредени политичари кои подолг временски период се под опсервација за вмешаност во руските политички бизнис-структури.
!Охридскај ги знае имињата на овие политичари, но поради одредени безбедносни мерки нема да ги објави!