Руските сили денеска го гранатирале градот Херсон, кој е под украинска контрола, но многу од жителите веќе се евакуирани во соседните места. Ова го тврдат украински извори на Телеграм и постираат слики од болници, училишта, автобуска станица, пошта и згради. Се шпекулира дека тројца се загинати, а петмина повредени во денешното гранатирање на болницата.
На една од сликите се гледаат нечии крвави остатоци на кревет.
Меѓу повредените е и медицинска сестра која работела во регионалната болница, изјави Јури Соболевски, заменик-шеф на Регионалниот совет на Херсон.
Херсон го доби прекарот градот-дух откако Русите минатата година се повлекоа пред украинските сили иако стратешки битки се водеа околу градот и во соседните места.