Војната во Украина изминатите месеци драстично ја поскапе и тоалетната хартија и другите видови хартија потребна во домаќинствата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Војната во Украина изминатите месеци драстично ја поскапе и тоалетната хартија и другите видови хартија потребна во домаќинствата. Во продавниците ролната од тоалетна хратија сега се движи од 12,2  до 37,4 денари зависно од производителот.

Граѓаните негодуваат бидејќи забележуваат зголемување на цената на овој производ повисоко и од 120 отсто во последната година. Поскапување со ист процент има и кај бришачите за раце и хартијата за печење.

– Последниве месеци сме сведоци дека цените драстично растат на сите производи. Свртени кон храната веќе не ги гледаме цените на другите производи. Но веќе подолг период се забележува како цената на тоалетната хартија и хартијата со друга намена порасна и за повеќе од 100 отсто. Досега купував од најквалитетната, но ролна од тој производител сега чини речиси 38 денари, па логично е да се префрлам на поевтина варијанта – вели скопјанка.

Граѓаните реагираат дека и метражата на хартијата е пократка, а е намален и квалитетот.

Пакување од 10 ролни трислојна тоалет хартија зависно од производителот сега чини од 122 денари до 481 денар.

Разликите во цените меѓу продавниците понекогаш се драстични.

Поскапувањето на хартијата сигурно не е карактеристично само за земјава бидејќи цените скокнаа насекаде, за ова придонесе и растот цената на дрвото и целулозата на последните години, но и кризата со цените на енергенсите дополнително влијаеше на растот на цените.

Зголемувањето на цената производителите ја правдаат со поскапување на репроматеријалите кои драстично поскапеа по војната во Украина која е најголем извозник на целулоза, но и високата цена на струјата и другите енергенси кои влијаат во формирањето на крајниот производ.

Според статистика во 2022 година цените на мало пораснаа за 12,6 отсто.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article